Швајцарците не му веруваат на Ѓоковиќ. Тврдат дека ја лажирал повредата на коленото!

Најдобриот тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ го повреди коленото во четвртото коло на Ролан Гарос, на мечот со Франциско Серундола, по што беше опериран. Но тоа не беше доволно да ги убеди странските медиуми дека нешто не е во ред со него.

Како и секогаш кога некој ќе биде повреден, има некој(и) што се сомневаат. Сега Данијел Герман напиша текст во швајцарскиот „Ное Цирихер цајтунг“ (Noje Ziriher Cajtunga) со наслов „Чудно закрепнување на Новак Ѓоковиќ – сега Србија има колено на нацијата“!

– Три недели по повредата, Ѓоковиќ е веќе на тениските терени. Дали навистина беше опериран или целата работа беше само блеф?, прашува швајцарскиот новинар на почетокот од текстот.

Пред само три недели тој го повреди коленото на Ролан Гарос и мораше да го предаде четвртфиналето на Каспер Руд. Веќе следниот ден рече дека го оперирал менискусот во Париз, потсетува Герман.

Герман пишува за ситуацијата со Роџер Федерер, кој го повреди менискусот по поразот од Новак Ѓоковиќ и никогаш повеќе не беше истиот. На крајот, по година и пол обиди да се врати на теренот, тој се повлече во 2022 година ,на Лејвер купот.

– Операциите на коленото се незгодни за тенисерите. Ова е многу добро познато, барем во Швајцарија. Кога во 2020 година, ден по поразот од Ѓоковиќ, Федерер го повреди менискусот, тоа беше почеток на крајот на неговата голема кариера. Потоа, се обидуваше година и пол да се врати на терените, но коленото не му дозволи да игра натпреварувачки тенис.

Сега, по неполни три недели, Новак се врати и засега изгледа добро. Вит Коприва не му беше проблем, ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со малку познатиот Џејкоб Фирнли, но секако Швајцарците не му веруваат…

– Имало брзи враќања по такви операции. Швајцарија се сеќава на Пирмин Цурбриген, кој го повреди менискусот на спуст во 1985 година, а потоа беше опериран пред Светското првенство во Бормио.

Успеа да се опорави и да го освои златото во спуст и среброто во велеслалом. Спустот го гледаа 1.700.000 луѓе, што се’ уште е рекорд на швајцарската телевизија, вели Герман, кој развива теза дека скијањето е помалку стресно за коленото отколку тенисот!

Тој додава дека Ѓоковиќ има одлични мускули, кои можеби му помогнале. Но, без разлика, се зголемуваат сомнежите дали тој навистина имал операција на почетокот од јуни и дали неговиот говор тогаш беше маркетиншки трик.

– Како и да е, Ѓоковиќ, кој сега е втор на светот, тренираше на тревата на Вимблдон минатата недела. Тој рече дека побарал совети од Стен Вавринка и од Линдзи Вон кои имаат искуства во надминување на вакви повреди, го завршува текстот Герман..

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО