ВИДЕО: Синот на Леброн разочара во првиот настап за Лејкерс

Синот на Леброн Џејмс, Брони изминатата вечер дебитираше во дресот на Лејкер во рамки од подготовките за новата сезона.

Брони Џејмс беше избран од Ла Лејкерс како 55. пик на неодамнешниот драфт, а во првиот натпревар во предсезоната постигна само четири поени во поразот на Лејкерс од Сакраменто (94:108). Брони имаше 2/9 шут од поле и додаде уште два скока и две асистенции.

– Од една страна ова е историски момент, Леброн и Брони официјално се првите татко и син кои активни играчи во НБА. Сепак, приказните за непотизам станаа прегласни, истакнуваат американските медиуми.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО