Шпанецот максимално профитираше по серијата инциденти

Алекс Еспаргаро победи на спринт трката за Големата награда на Каталуња во Мото ГП. Второто место го обезбеди Марк Маркез а третото Акоста. Возачот на „Aprilia“ ја искористи максимално хаотичната трка во која тројца лидери излетаа за да му овозможат победа на Еспаргаро.

Прв падна Раул Фернандез потоа Педро Акоста и на крај Франческо Банаја. На четвртото место беше лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин. Петто го освои Енеа Бастианини а до бодови дојдоа и Фабио Ди Џанантонио, Џек Милер, Маверик Вињалес и Марко Беџеки. Во генералниот пласман Мартин останува на чело со 135 бодови пред Маркез. Трет со негатива е Бастианини.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО