Сари одбил понуда од клубот кој пред неколку сезони освои титула во ПЛ

Италијанскиот стратег Маурицио Сари, изненадувачки одбил понуда од англискиот клуб Лестер, бидеки чекал подобри времиња, односно подобра понуда.

Енцо Мареска ова лето ќе го преземе Челси, па челниците на Лестер тргнаа во потрага по искусен стратег, а тоа го пронашле во името на Сари.

Челниците на „лисиците“ му дале понуда на италијанскиот тренер, но истата била одбиена од Маурицио Сари, бидејки чекал понуда од друг клуб.

Сари е без работа од март годинава, а претходно се доведуваше во врска со Фиорентина, Болоња, па и Панатинаикос.

Сезоната 2018/19, Сари беше менаџер на Челси со кој освоија титула во Лига Европа.

Лестер сезонава се врати во Премиерлигата, а претходно, сензационално во 2016 година ја освоија титулата во Премиерлигата кога никој тоа од нив не го очекуваше.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО