Веќе на никого не му е тешко да игра против Ѓоковиќ

Матс Виландер како многупати претходно, се сомнева во нивото на игра кое сега го нуди Новак Ѓоковиќ.

Некогашниот шведски тенисер во колумна за „Лекип“, се допре до темата со Новак Ѓоковиќ и неговите изданија од почетокот на сезоната, па во неговото пишување, може да се почувствува доза на недоверба, односно Виландер смета дека сега може секој да влезе во натпреварот против Ѓоковиќ без страв.

– За разлика од Федерер и Надал, чии стилови беа недопирливи за противниците, против Ѓоковќ сега не е тешко да се игра, бидејки не е на 100% од можностите.

– Неговите топки не се технички чисти, не се никаков проблем за противниците. Во овој момент, сите веруваат дека можат да го добијат. Не дека тој стана просечен играч, но сега сите веруваат дека имаат шанси против него, порача Виландер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО