Рубљев нема да игра во Париз, Сабаленка се’ уште не се изјаснува

Златниот медалист во мешани двојки од Токио 2020-та, Андреј Рубљев и тенисерките Дарија Касаткина и Ана Калинскаја се меѓу 12-те Руси и Белоруси кои ги одбија поканите да се натпреваруваат како неутрални спортисти на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) во понеделникот објави ажурирана листа на неутрални спортисти со победникот на САД ппен 2021-та, Данил Медведев и со светската тенисерка број 22, Екатерина Александрова, меѓу 31-от што прифатиле да играат.

Шестиот светски тенисер Рубљев, Касаткина (12.) и Калинскаја (18.) ги одбија поканите за настап, заедно со Карен Хачанов и Људмила Самсонова.

Белорусинката Викторија Азаренка, која живее во САД и освои злато во двојки и бронза во поединечна конкуренција во Лондон 2012 година, ја прифати поканата. Но шампионката на Австралија опен, Арина Сабаленка допрва треба да се изјасни.

Шефот на Руската тениска федерација, Шамил Тарпишчев минатиот месец изјави дека Рубљев ќе ги прескокне ОИ поради здравствени причини.

Спортистите од Русија и од Белорусија, поради инвазијата на Украина во 2022 година, нема да учествуваат на ОИ во Париз, освен неколкумина кои ќе се натпреваруваат како неутрални спортисти, без знамиња и химни.

Русија ги осуди ограничувањата како дискриминаторски. Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова рече дека ИОК се лизга „во расизам и неонацизам“.

ОИ во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август, а тенискиот турнир ќе се игра од 27 јули до 4 август на Ролан Гарос.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО