Реал ослабен во новата сезона. Белингем веројатно ќе мора на операција!

Младиот англиски интернационалец, Џуд Белингам (20) брилјираше во првата сезона за Реал Мадрид и веднаш покажа зошто клубот минатото лето плати 103 милиони евра за него, плус уште 30 милиони во бонуси.

Офанзивниот играч за врска постигна 23 и асистираше за уште 13 гола на 42 натпревари сезонава, и го предводеше Реал до титулите во Ла лига и во Лигата на шампиони (ЛШ). Го обожаваат соиграчите, навивачите и новинарите, и веќе го споредуваат со Зинедин Зидан.

Но, се појави информација која ја расипува бајката. Белингам веќе подолго време има многу болки во левото рамо и по завршувањето на сезоната требаше ќе замине на операција. Но сега тоа не доаѓа предвид бидејќи сака да игра на ЕП.

„Радио Кадена СЕР“ известува дека Белингем би заминал на операција по ЕП доколку неговата состојба не се подобри. Ова би претставувало огромен хендикеп за Реал бидејќи најдобриот стрелец на клубот и најдобриот играч во Ла лига во тој случај би ги пропуштил подготовките и почетокот на новата сезона.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО