Ролан Гарос: Зверев четврти пат по ред е во полуфиналето

Александер Зверев, 27-годишниот германски тенисер со руско потекло, по четврти пат во низа ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос, откако во четвртфиналето го совлада Австралиецот, Алекс Де Минор со 6:4, 7:6(5), 6:4.

Зверев кој играше во полуфиналето во Париз во 2021, 2022 и 2023 година, на патот до првото финале за противник ќе го има Норвежанецот Каспер Руд кој без борба се пласира во полуфиналето, откако Новак Ѓоковиќ го напушти турнирот поради повреда на десното колено. Лани Руд го совлада Зверев во полуфиналето.

Олимпискот шампион, Зверев пред мечот со Де Минор имаше два меча по ред во кои одигра по пет сета, во третото коло против Холанѓанецот Грикспур и во осминафиналето против Данецот Руне.

Во второто полуфинале ќе играат Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз. Полуфиналните натпревари се закажани за утре.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО