Германската полиција соопшти дека привела седум навивачи на српската репрезентација вмешани во тепачка со Англичаните во Гелзенкирхен, непосредно пред почетокот на натпреварот.
Сите се приведени по инцидентот што се случил на терасата на еден ресторан во градот, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека е поднесена пријава за напад и повреди.
– Причините за тоа што се случи сè уште се нејасни, додаде портпаролот, наведувајќи дека полицијата морала да ги раздвои двете групи.
Германската полиција претходно соопшти дека распоредила дополнителни сили поради страв од инциденти.