УЕФА покрена постапка против ФС на Албанија

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Албанија  (ФСХФ). Причините се влегувањето на теренот и фрлањето предмети на мечот и поразот од Италија (1:2) во натпреварот од првото коло од групата Б, во саботата во Дортмунд.

УЕФА, исто така, соопшти дека отворила постапка затоа што албанските навивачи палеле факели за време на натпреварот, како и за „пренесување провокативна порака несоодветна за спортски настан“.

Портпаролот на ФСХФ соопшти дека планираат да достават официјална изјава во рокот определен од УЕФА.

– Сакаме да нагласиме дека се преземени сите неопходни мерки за успешна организација на натпреварот. Настанот беше празник на европскиот фудбал и не се случи поголем инцидент кој би ја расипал позитивната атмосфера, рече албанскиот портпарол.

Хрватска и Албанија во среда (15 часот) го играат натпреварот од второто коло во групатата Б. Шпанија и Италија имаат по три бода

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО