Мила Рељиќ стана европска клупска шампионка

Македонската таеквондистка, Мила Рељиќ стана европска клупска шампионка, освојувајќи го златниот медал на Европското клупско првенство во Тирана, Албанија.

Рељиќ до златниот медал дојде со четири победи, без загубена рунда. Во првото коло беше слободна, а во второто беше подобра од Италијанката, Грета Тарвара. Во борбата за медал Рељиќ беше подобра од полската натпреварувачка, Татјана Томчак, со 2:0 во рунди.

Во втората рунда, при водство на противничката од 10:3 таа во фуриозен финиш успеа да израмни на 11:11, но беше прогласена за победник поради петте казнени поени на противничката.

Во полуфиналето Рељиќ славеше над Турчинката, Сервел Чакал, а во финалето беше подобра од Јулија Шпак од Полска, натпреварувачка која редовно освојува Г1 медали. Ова се 10 нови поени Рељиќ на олимписката и светска ранкинг листа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО