Партизан и Ц.Звезда може само да сонуваат на заедничко учество во Евролигата во иднина

Најавите од раководството на Евролигата за во иднина се дека тешко дека ќе има место за Црвена Звезда и Партизан во ова натпреварување во една сезона.

Новиот извршен директор на Евролигата, Паулијис Мотијунас, во интервју за „Баскет Њуз“, не потврди, па остави простор за можен само еден претставник од соседна Србија во Европлигата.

За сега останува само дека шампионот во АБА лигата ќе биде директен патник во Евролигата, а поразениот може само да се надева дека ќе биде дел од Евролигата.

– Мора да се фокусираме на два различни аспекти во иднина. Факт е дека Партизан и Црвена Звезда имаат фантастични навивачи, друг аспект е дека ќе мора да имаме во иднина клубови кои се финансиски оддржливи. Мора сето тоа да го имаме во предвид, со цел да продолжи да расте нашиот проект. Најтешко е и двете екипи да бидат задоволни. Мора да размислуваме долгорочно, не знам дали ќе има гарантирани две позиции за белградските екипи во Евролигата во иднина, порача директорот Мотијунас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО