Home РАКОМЕТ Франција беше пресилна за Македонија на почетокот од ЕП

Франција беше пресилна за Македонија на почетокот од ЕП

0
Франција беше пресилна за Македонија на почетокот од ЕП

Македонската ракометна репрезентација Европското првенство го почна со очекуван пораз од големиот фаворит, репрезентацијата на Франција со 39:29.

Иако на почетокот од средбата, резултатот беше во егал и Македонија играше задоволитено, пред крајот на полувремето, Франција покажа класа и дојде до предност, која до крајот само ја негуваше.

На полувреме „триколорите“ имаат предност од +4 (17:13), додека во вториот дел си го добија посакуваниот ритам и буквално нашата репрезентација беше прегазена.

Оваа победа за Франција беше очекувана, така да нема премногу да бидеме изненадени од ваквиот резултат.

Евидентни беа многуте грешки во нападите на Македонија, каде сигурно во иднина Кире Лазаров ќе сака да се стави акцентот, односно приоритетот, со цел да се минимизираат, додека во одбрана Никола Митревски бранеше тоа што може да се одбрани, но недоволно за да спречи уверлив пораз на ривалот.

Следен предизвик на Македонија на ЕП ќе биде средбата против домаќинот Германија, мечот се игра на 14. јануари.

Жарко Пешевски беше најефикасен во македонскиот состав, со седум постигнати голови, додека Митревски запиша 10 интервенции.