Македонската машка сениорска репрезентација ќе добие ново име во своите редови.
Американскиот кошаркар ДиВејн Стјуарт Јуниор ќе биде новиот натурализиран играч на националниот тим, со што селекторскиот стручен штаб добива уште една квалитетна опција во бековската линија.
Станува збор за кошаркар со сериозно американско потекло и богато натпреварувачко искуство.
Роден на 28. јули 1999 година во Мисисипи, САД, Стјуарт е висок 198 сантиметри и настапува на бековските позиции.
Неговата кошаркарска приказна започнува во НЦАА лигата, каде го носеше дресот на Мисисипи Стејт Булдогс, еден од познатите универзитетски програми во САД.
Во колеџ периодот се профилираше како еден од најдобрите играчи на својот тим.
Во сезоната 2020/2021 беше лидер на Мисисипи Стејт, со просек од 16 поени, 3,4 скока и 3,1 асистенција по натпревар, покажувајќи квалитети како реализатор, но и кошаркар кој може да креира за соиграчите.
Неговите настапи му донесоа признание и место меѓу најдобрите играчи во силната SEC конференција.