Пантер го открива рецептот за пропаст, па го практикуваат спротивното, затоа го победиле Анадолу Ефес

Капитенот на Партизан, Кевин Партин, се обиде да го долови вистинскиот пристап на мечевите во Евролигата, посебно за последниот, против Анадолу Ефес, каде победија со 100:90.

Црно-белите одиграа конечно еден добар натпревар пред домашната публика против квалитетна и незгодна екипа, а по натпреварот, Пантер објасни каква е разликата помеѓу механички пристап на евролигашките натпревари и пристап чекор по чекор на секој натпревар.

– Кога често размислуваме за кошаркар, се обидуваме да бидеме перфектни во се, но тоа е рецепт за пропаст. Не можете секогаш само да размислувате, да се обидувате да го надмудрувате противникот.

Имам чувство дека сме најдобри кога играме инстинктивно, се разбира дека може да го користиме и мозокот, но мора да го користиме и тоа чувство на инстинкт, а тоа го сторивме против Ефес и на крајот победивме, порача Кевин Пантер.

Во таборот на Партизан нема премногу простор за славје, затоа што пред нив е пеколен пат односно распоред, бидејки се под цртата за плеј-офот, па мора драстично во следните натпревари да го поправат впечатокот.

Сега прво им претстои важен меч во АБА лигата против Цедевита Олимпија денеска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО