Од Мадрид ја објавија листата на учесници на мастерс турнирот – навивачите ќе бидат задоволни

Организаторите на Мастерс турнирот во Мадрид ја објавија листата на учесници за годинава и таа е прилично пристојна. Новак Ѓоковиќ дефинитивно ќе биде дел од турнирот.

Турнирот е на програмата од 24. април до 5. мај и се очекува дека таму за последен пат како играч на терен ќе се појави Рафаел Надал, кој се наближува кон објава на крајот на кариерата. Надал овој турнир го освојуваше пет пати во кариерата.

Исто така, се очекува да заигра и Енди Мареј, доколку повредата ја залечи. Присутни ќе бидат уште и Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Холгер Руне.

Новак Ѓоковиќ несомнено како најголем фаворит, ќе има тешка задача да се избори со помладите, а воедно овој турнир ќе им биде на сите подготовка за Ролан Гарос.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО