Украина направи ново чудо: По пресвртот со БиХ, го добија Исланд со пресврт и патуваат на ЕП

Откако во полуфиналето од баражот за ЕУРО, Украина успеа да ја совлада Босна и Херцеговина со пресврт, вечерва го совладаа и Исланд со пресврт.

Бајката на Украина трае, овој тим преживеа два бараж мечеви во кои заостануваа со гол, а на крајот излегоа како победници и ќе патуваат на следното ЕП, а ќе играат во групата Е, со репрезентациите на Белгија, Словачка и Романија, што за нив е прилично солидна група.

Откако Алберт Гудмундсон постигна гол во 30. минута, Јаремчук девет минути подоцна даде гол, но поради офсајд ситуација беше поништен. На 1:1 изедначи Виктор Цигангов во 54.минута, а конечните 2:1 ги постигна Михајло Мидрик во 84. минута.

Украина и против Бих во финишот имаше нерешен резултат, но се извлекоа, а тоа вечерва истото го направија и против Исланд.

Бајката на Сергеј Ребров со Украина продолжува на Европското првенство и тоа за нив е голем успех.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО