Грузија, Украина и Полска се последните три од 24-те селекции кои се пласираа во завршницата на Европското првенство (ЕП) во фудбал што од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.
Натпреварите, вкупно 51, ќе се играат во 10 града, во Берлин (финале), Минхен (отворање), Дортмунд, Франкфурт, Дизелдорф, Штутгарт, Хамбург, Келн, Гелзенкирхен и Лајпциг, во термините од 15, 18 и 21 часот.
Има шест групи со по четири репрезентации од кои во следната, нокаут фаза, ќе се пласираат двете првопласирани, плус четири третопласирани со најдобар скор.
Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија
Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија
Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија
Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција
Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина
Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка
Ready for EURO 2024! 🤩#EURO2024 pic.twitter.com/Fb7WEdgJff
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) March 26, 2024