Јаник Синер ќе биде подготвен за Вимблдон

Претседателот на Италијанската тениска федерација, Анџело Бинаги, смета дека раната елиминација на Јаник Синер од Ролан Гарос била последица на огромниот број натпревари и напорот што го вложувал во текот на сезоната.

Синер оваа година освои титули на сите мастерс-турнири на кои настапи, но во Париз доживеа неочекуван пораз од Хуан Мануел Серундоло.

Италијанецот имаше предност од 2-0 во сетови и 5:1 во продолжението, но сепак дозволи целосен пресврт и беше елиминиран уште во второто коло.

– Премногу победуваше и премногу играше, така што, ако не се случеше тогаш, ќе се случеше неколку дена подоцна. Веќе во Рим беше во таква состојба, а против Медведев го спаси дождот, изјави Бинаги.

И покрај физичките проблеми што ги имаше во Париз, Синер ги поминал неопходните лекарски прегледи и, според најавите, ќе биде подготвен за настап на претстојниот Вимблдон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО