Oбрадовиќ го подигна гласот на пресот: Не знам, воопшто и не ме интересира

Жељко Обрадовиќ не сакаше многу да коментира околу доаѓањето на Дубаи во АБА лигата.

Откако Партизан го совлада тимот на Студентски центар (84:78), на гостувањето во Морача, тренерот на „црно-белите“ зборуваше за натпреварот, за отсуствното на Зек Ледеј, но и на прашање околу Дубаи.

Откако неодамна беше примен во АБА првенството тимот од Арапските емирати, па повеќето екипи бурно реагираа и се спротивставија на одлуката на водечките луѓе во регионалното натпреварување, за доведувањето на екипа која е далеку на мапата од регионот.

Новинарите побараа коментар од Жељко Обрадовиќ околу доаѓањето на Дубаи во АБА првенството, а тој малку го подигна гласот.

– Не знам а и не ме интересира, верувајте ми. Тоа се работи кои се одлучуваат на состаноците на АБА првенството, а јас се занимавам со мојот тим, имам премногу работи и се занимавам со други работи. Ќе повторам, не ме интересира воопшто, порача Обрадовиќ.

O

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО