НХЛ лига, финале: Едмонтон забележа нова победа и е во потрага по историски пресврт

Едмонтон оилерс минатата ноќ забележаа победа на гости над Флорида пантерс, 5:3 во петтиот натпревар од финалето на Стенли купот. Ова беше втора победа по ред за Едмонтон, но сè уште заостанува во серијата (2:3) што се игра до четири победи. Следниот шесто меч се игра во Едмонтон во петок.

– Беше забавно, мило ни е на сите што тоа ќе потрае уште малку. Но, заслуживме. Уште еден ден, уште еден лет. Ќе бидеме подготвени во Едмонтон во петок, рече Конор МекДејвид, стрелецот на два гола за Оилерс.

Пантерите имаа убедливо водство во серијата (3:0), но пропуштија две шанси да и стават крај на финалната серија и да го освојат првиот Стенли куп во клупската историја.

Во случај на евентуална победа, Едмонтон ќе забележи двоен подвиг. Ќе стане првиот шампион во НХЛ лигата од Канада, по Монтреал канадиенс во 1993 година, и ќе стане вториот тим што го кренал Стенли купот по негатива од 0:3, по повеќе од 80 години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО