Французите може да здивнат. Мбапе е добро, ќе игра со маска на лицето

Во понеделникот Франција ја победи Австрија со 1:0 во првото коло од групата Д, а пред крајот на мечот, Килијан Мбапе со глава се удри во рамото на ривалскиот играч Кевин Данс, и го повреди носот. Француската ѕвезда со крвав и со скршен нос мораше го напушти теренот.

„Л’Екип“ пренесе дека Мбапе вечерта бил примен во болница во Дизелдорф, а првите наоди се позитивни и француските навивачи можат да здивнат.

Националниот тим извести дека Мбапе го скршил носот, но се чини дека операцијата, барем засега, не е неопходна, и оти Килијан веќе им се придружил на соиграчите.

– Наредните денови тој ќе биде под лекарски надзор, без операција, а ќе биде направена и маска за да може 10-ката на француската репрезентација да ги продолжи натпреварите на ЕП, се наведува во соопштението на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ).

Дека работата не е толку критична може да се заклучи и од објавата на Мбапе на Х по повредата. „Имаш ли идеја за маска?“, ги праша тој своите следбеници, а неговата објава многу брзо, за неколку часа, имаше 13,2 милиони прегледи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО