Италијанскиот тенисер Јаник Синер го одигра првиот меч на овогодинешното издание на САД ОПЕН во Њујорк.
Тој се судри со Мекензи Мекдоналдс во 1. коло, па италијанскиот тенисер не помина баш најдобро на почетокот од мечот, каде беше пречекан со провокација при доаѓање на терен.
Ова е првиот турнир на кој тој настапува откако беше откриено за неговиот допинг скандал, нешто кое публиката очигледно му го замерува.
Веројатно тој не очекуваше таков приен од присутните, но имаше и по некој аплауз, со цел да го ублажи непријатното чувство на Италијанецот.
Синер минатата година стигна до осминафинале, каде по пет сетови го исфрли Саша Зверев. Годинава доаѓа како еден од фаворитите за освојување на турнирот.
😳 Jannik Sinner gets booed in his first match back after the news that he failed two drug tests. pic.twitter.com/brVISynbZ8
— Zain | Ban Janeedle Dopener. (@ItzzZain10) August 27, 2024