Трансфер на повидок: Стерлинг го облекува дресот на Манчестер Јунајтед?

Фудбалерот на Челси, Рахим Стерлинг, според извештаите од Англија, е потенцијален трансфер во Манчестер Јунајтед.

Како што се тврди низ медиумите, доскорашниот репрезентативец на Англија, кој не е во план на тренерот на Челси, Енцо Мареска, ќе стане веројатно првиот играч во историјата, кој настапувал за Ливерпул, Сити, Челси и Јунајтед.

29 годишниот Стерлинг пред неколку сезони, пред еден дуел на Сити со Јунајтед, истакна дека можеби „сега не е вистинскиот момент, но дека како мал, навивав за Јунајтед“, па на крајот, тоа можеби ќе му се оствари.

Информацијата дека Стерлинг е во преговори со Јунајтед е потврдена од повеќето кредибилни медиуми на Островото, посебно од БиБиСи и Телеграф.

Во следните часови треба да се знае повеќе на оваа тема, дали ќе се договори со Јунајтед и дали ќе го видиме во дресот на „црвените ѓаволи“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО