Наваро е „хит“ на Вимблдон. Побогата е од Ѓоковиќ, Надал и Федерер заедно?

Американката Ема Наваро (23), 19-та тенисерка на светот, стана „хит“ на Вимблдон по победата над Наоми Осака, четирикратна грен слем шампионка.

Наваро не е фокусот на вниманието заради добрите игри, и затоа што ја победи Наоми Осака во второто, во два сета, а потоа и Русинката Дијана Шнајдер во третото коло, во маратонски меч.

Таа е поинтересна за медиумите бидејќи е побогата од Новак Ѓоковиќ (182 милиони долари заработка во кариерата), Рафаел Надал (134) и Роџер Федерер (130) заедно!

Како е тоа можно ако се знае дека има освоено само еден турнир во кариерата и заработено „скромни“ 1,8 милиони долари?

Тоа е затоа што е ќерка на Бен Наваро, банкар и инвеститор кој е „тежок“ 3,5 милијарди долари. Нејзиниот дедо играл американски фудбалер и бил тренер.

Таткото, милијардерот Наваро, е во Лондон и во живо ги следи напорите на неговата ќерка да се пробие во „топ 10“. Таа годинава игра најдобро во кариерата бидејќи го освои првиот и досега единствен турнир, во Хобарт, Австралија на почетокот од 2024 година.

Наваро со пласманot во 4-то коло го повтори успехот од годинашниот Ролан Гарос. Нејзина следна противничка најверојатно ќе биде втората носителка, сонародничката, Коко Гоф, во понеделник.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО