Нагелсман со изненадување за Германците. На ЕП без една од најголемите ѕвезди

Матс Хумелс (35) игра одлична сезона во Борусија Дортмунд. Тој е еден од најзаслужните за пласманот во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) каде што германската екипа ќе игра против Реал Мадрид на „Вембли“ на 1 јуни.

Центархалфот на Борусија го постигна победоносниот гол против ПСЖ во реванш полуфиналниот меч (1:0), а сезонава на 38 настапи даде четири гола и еднаш асистираше.

Но, и покрај добрата форма, Хумелс нема да игра за Германија на претстојното Европско првенство (ЕП). Еден месец пред почетокот на турнирот, Фабрицио Романо известува дека селекторот Јулијан Нагелсман решил да го изостави Хумелс, светскиот шампион од 2014-та, и на негово место.да го стави играчот на Ајнтрахт, Робин Кох.

Хумелс има одиграно 78 меча за „панцирите“ и постигнато пет гола. Последен пат тој беше во составот на  репрезентацијата на 21 ноември 2023-та на пројателскиот меч со Австрија, 0:2. Германија го отвора ЕП против Шкотска, на 14 јуни, во групата во која се уште Швајцарија и Унгарија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО