Почна чистката: Варан си заминува од „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан ќе го напушти клубот по истекот на договорот на крајот од сезоната. Јунајтед одлучи да не ја активира опцијата за едногодишно продолжување на договорот на Варан, но реално и тој веројатно не сакаше да остане.

Варан (31) дојде од Реал Мадрид во јули 2021 година за сума од околу 34 милиони фунти и одигра 93 меча. Поранешниот француски репрезентативец му помогна на Јунајтед да го освои Лига купот лани, кога тимот на Ерик тен Хаг го победи Њукасл во финалето.

Варан освои три титули во Ла лига и четири трофеи во Лигата на шампиони (ЛШ) со Реал Мадрид, пред да му се приклучи на Јунајтед. Тој триумфира и на Светското првенство (СП) 2018 во Руѕсија, со Франција пред да се повлече од репрезентативниот  фудбал во февруари 2023 година.

Сезонава, Варан, како и Јунајтед во целина, не успеа да ги оправда очекувањата. Очигледно е дека тој е играч од врна класа, но не изгледаше дека добро се снаоѓа во Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО