Надал елиминиран во Бризбејн – имаше мноштво проблеми, но планот на Надал е јасен

Џими Конорс смета дека Шпанецот има само уште една желба, да ја заврши кариерата на триумфален начин и да послече од активното играње тенис.

Шпанскиот тенисер се врати на терените по скоро една година и врза две победи. Се чинеше дека Надал е на добар пат да се врати на големи патеки, но по двете победи, стигна и трезнење. Надал беше поразен во четвртфиналето од Бризбејн од Џордан Томпсон

Но за работите да бидат полоши за Рафа Надал, тој се повреди најверојатно. Се мачеше со левиот колк претходните година дена, а болки чувствуваше на истото место на последниот натпревар.

На пресконференцијата за медиумите тој посочи дека станува збор само за некој грч и воспаление на мускул, бидејки скоро 12 месеци не играше.

Тој ќе биде најверојатно подготвен за Австралија Опен, а приоритет ќе му биде да го освои Ролан Гарос.

– Надал се обидува да постигне добар резултат, приоритет ќе му биде Ролан Гарос. Ќе биде интересно да се види како ќе одигра против младите тенисери, Алкараз, Зверев, или Циципас со кого ида се падне. Сите во него гледаат повратник на терените, порача Џими Конорс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО