Промаши пенал против Интер, па доби смртни закани по животот

Интер во луда завршница дојде до победа против Верона со 2:1 во 19. коло од Серија А, а со тоа и да им побегне на Јувентус дополнително на табелата, па сега имаат предност од 5 бодови.

Напаѓачот Томас Енри имаше можност да изедначи длабоко во судиското надополнување од пенал, но ја погоди само стативата. Поради тоа, веднаш по натпреварот, добил закани по неговиот живот.

Самиот фудбалер на Верона ги потврди заканите, па истакна дека тоа што не може да го убие, може само да го направи посилен.

– Сите луѓе кои мислат дека знаат нешто за фудбалот и кои ми посакуваат смрт мене и на моето семејство, сакам да го најдат својот мир во своите мали животи. Грешките се дел од спортот, а јас ќе продолжам да работам уште подобро од сега. Некогаш ќе победите, некогаш ќе изгубите, некогаш ќе постигнете, некогаш ќе промашите гол. Таков е животот на фудбалерите, што нема да ве убие, тоа ќе ве подобри, порача Енри.

Инаку 29 годишниот Енри беше единствен стрелец за Верона на оваа средба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО