Мото ГП календар за 2025 година, 22 трки во 18 земји

Светската мото федерација и Дорна конечно објавија како треба да изгледа календарот на Мото ГП шампионатот за следната сезона.

Иако претходните години се случуваше првите нацрти на календарот да бидат објавени на почетокот на летото, а конечната верзија да стигне во септември, тоа не е случај втора година по ред.

Оваа година се случија неколку промени во текот на самото првенство. Она што е сигурно во моментов е дека календарот за 2025 година ќе брои 22 трки во 18 земји, а најдобрите мотоциклисти во светот треба да се вратат во Чешка и Унгарија.

Извесно е враќањето на Брно по четири години пауза, додека трката за ГН на Унгарија на Балатон парк зависи од тоа дали патеката ќе биде готова или не, но поголеми се шансите да не биде. Под знак прашалник е и трката во Аргентина која во моментов е втора на календарот.

Уште порано се знаеше дека шампионатот ќе биде отворен во Тајланд на 2 март, бидејќи Катар не може да ја организира првата трка поради Рамазан, па таа рунда беше преместена за април.

Во однос на стандардните датуми, веќе беше познато дека Големата награда на Британија ќе биде во мај, а меѓу другото, трката во Барселона е поместена за септември бидејќи Формула 1 е на таа патека подоцна од вообичаеното, Германија се враќа во јули, додека трката во Португалија ќе биде во ноември, како претпоследна сезона, а не на самиот почеток.

Кога станува збор за актуелната сезона, таа продолжува викендов со Големата награда на Индонезија.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО