Хаиме Лозано повеќе не е селектор на Мексико. Според информацијата, двете страни ја раскинале соработката по очајниот настап на репрезентацијата на Копа Америка.
– На Лозано и на неговиот Стручен штаб им беше понуден договор до 2030 година. Во периодот 2024 – 2026 година требаше да им се придружи поискусен селектор, до Светско првенство на кое нашата зеmја е eден од домаќините.
Откако го анализираше предлогот, Лозано не’ извести дека не сака да продолжи. Ние ја почитуваме неговата одлука, објавија од Фудбалската федерација на Мексико.
Лозано (45) беше назначен за привремен селектор во јуни 2023 година, но подоцна таа позиција беше заменета за постојана.