Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, ги повреди лигаментите на десниот зглоб во финалето на Копа Америка одиграно во неделата, потврди неговиот клуб Интер Мајами, кој моментално е на второто место во табелата во Источната конференција на МЛС.
Меси се повреди пред крајот на првото полувреме, а беше заменет во 66. минута. Тој поткривнувајќи и со солзи во очите го напушти стадионот „Хард рок“ во Мајами и продолжи да го гледа финалето од клупата. Нж
На тој меч Аргентинците ја совладаа Колумбија со 1:0, со голот на Лаутаро Мартинез во судиското продолжение, во 112. минута и по 16-ти, рекорден пат триумфираа на Копа Америка .
– По медицинскиот преглед, утврдено е дека Лео Меси ги повредил лигаментите на десниот скочен зглоб. Кога тој повторно ќе може да игра, ќе се утврдува со периодичните проценки, а ќе зависи и од напредокот на неговото закрепнување, се вели во соопштението на клубот.