(ВИДЕО) Кливленд со историски кам-бек за полуфинале во НБА плеј-офот

Кошаркарите на Кливленд кавалирс синоќа ја добија „мајсторката“ со Орландо маџик (106:94) во првиот круг од плеј-офот во НБА лигата и обезбедија пласман во полуфиналето на Истокот.

Кавалирс тоа го направија со историски пресврт откако имаа негатива од 18 поени во првото полувреме од седмиот, решавачки натпревар. Кливленд губеше со 31:49 во финишот од вториот квартал, но успеа да ја надмине негативата и да победи. Донован Мичел беше најефикасниот во победничкиот тим со 39 поени.

Кавалирс со ова го направија најголемиот кам-бек во плеј-оф „мајсторка“ од сезоната 1997/98, па досега. Кливленд за првпат по 2019 година се пласираше во второто коло од плеј-офот во кое ќе се сретне со Бостон селтикс, кој го елиминира Мајами хит во првата рунда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО