Махачев против Поарие ја одбрани титулата

ММА настанот УФЦ 302 се одржа во Њуарк во текот на изминатата ноќ. Сите погледи беа насочени кон главната борба. Ислам Махачев ја одбрани титулата во лесна категорија (до 70 килограми).

Махачев во петтата рунда, со зафатот “brabo choke” го принуди трикратниот предизвикувач за појасот на УФЦ, Дастин Поарие да се предаде.

32-годишниот Ислам Рамзанович Махачев,трет пат во кариерата ја одбрани титулата која ја освои против Чарлс Оливеира. Претходно два пати ја одбрани титулата против Александар Волкановски.

Сега има 26 победи и еден пораз во професионалната кариера.

„Беше многу добар. Тој одбрани многу од моите обиди за соборување, ме изнамачи“, рече Махачев за неговиот ривал, а потоа ги откри плановите за понатамошната кариера.

„Сакам да се борам за вториот појас. Не е исто кога браниш појас и кога напаѓаш нов“, изјави Дагестанецот.

Вториот појас на кој се повикува Махачев му припаѓа на Лион Едвардс, Британец кој е шампион на УФЦ во категоријата до 77 килограми. „Роки“ Едвардс ќе ја брани титулата на УФЦ 304, а предизвикувач ќе му биде Белал Мухамед,

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО