Францускит прволигаш Лион, го продолжи договорот со тренерот Пјер Саж до 2026 година. Сеаж до минатата сезона работеше со помладите категории во Лион, а лани во ноември го презеде раководењето со првиот тим кој имаше многу лош почеток на сезоната и во тој период беше на дното на табелата.
Под водство на Саж тимот доживеа „ренесанса“ и освои 46 бода во 22 кола, заврши на шестото место, а стигна и до финалето на Купот на Франција, каде што загуби од ПСЖ.
Затоа раководството на клубот реши да му да деде шанса на стручњакот од сопствените редови да го води тимот и во следните две сезони.