Квалификации за ОИ: Грција убедлива против Доминиканската Република

Во натпреварот од 2.коло во групата Б, на квалификацискиот турнир во Пиреја за пласман на Олимписките игри (ОИ), домаќинот Грција убедливо ја совлада Доминиканската Република со 109:82.

Првата ѕвезда на грчката репрезентација, Јанис Антетокунмпо беше најефикасен со 32 поени, а Томас Вокуп даде 17 коша. Кристофер Дуарте беше најдобар кај Доминиканската Република со 26 поени.

Грција со оваа победа практично се пласира полуфиналето како првопласирана во групата, иако денеска и претстои меч со Египет кој е далеку послаб по квалитет. Грција во полуфиналето ќе влезе од првата позиција во групата со победа, но дури и со пораз до 18 поени.

Доминиканците со победа и пораз го завршија натпреварувањето во групата, а нивното минување во полуфиналето ќе зависи од исходот на натпреварот Грција – Египет. Доколку,очекувано, победи Грција, Доминиканската Република ќе се пласира во полуфиналето како втора, а доколку победи Египет ќе испадне.

Претходно во средата, во вториот меч во групата А, Хрватска неочекувано загуби од Нов Зеланд со 86:90. Но и покрај овој пораз, Хрватска избори пласман во полуфиналето со оглед на тоа што победата против Словенија во вторникот (108:92) беше изразена со поголема разлика од поразот од Нов Зеланд.

Хрватска со победата против Нов Зеланд го обезбеди првото место во групата и меч против второпласираната селекција од групата Б. Конечниот пласман зависи од исходот на натпреварот Словенија – Нов Зеланд, што се игра денеска.

Хрватска ќе биде прва доколу Словенија победи со помалку од 28 поени разлика. Во случај на победа на Нов Зеланд или на Словенија со повеќе од 28 поени, Хрватска ќе биде втора.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО