Лејкерс го отпуштија тренерот: „Животот ми беше пекол последниве две години“

НБА тимот ЛА Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хем по две сезони на функцијата. Под водство на Хем, Лејкерс имаа скор 90:74 победи/порази во лигата и во двете сезони мораа до плеј-офот да стигнат преку плеј-ин мечот.

Минатата сезона стигнаа до финалето на Западната конференција каде што загубија од идниот шампион, Денвер нагетс со 0:4, додека годинава, веќе во првото коло од плеј-офот, повторно налетаа на Нагетс, кои повторно победија, со 4:1.

– Иако ова е тешка одлука, тоа е и најдобриот начин на дејствување по комплетната анализа на сезоната. Нашиот клуб ќе остане целосно посветен на составување тим способен за освојување титула, објави генералниот менаџер на 17-кратните НБА шампиони, Роб Пелинка.

По поразот на домашен терен во третиот натпревар од годинашниот плеј-оф против Нагетс, по што Лејкерси паднаа на негатива од 0-3, навивачите на Лејкерс скандираа „отказ за Хем“.

Хем пак на почетокот на оваа недела изјави: „Последните две години беа пеколни во оваа фотелја. Ви велам, тоа беше пекол“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО