(ВИДЕО) Денот кога умре Тито. Фудбалерите на Хајдук и на Ѕвезда плачеа, преполниот „Пољуд“ пееше

На денешен ден, пред 44 години, во 42. минута беа прекинати фудбалските натпревари од тогашното првенство на СФР Југославија, Динамо – Железничар, Сараево – Осиек и Хајдук – Црвена ѕвезда. Ова беше направено по објавата дека починал Јосип Броз Тито, владетелот на Југославија и еден од најпознатите светски државници.

И Максимир и Кошево го оплакуваа Тито, но оттогаш се пишува само за Пољуд. Зошто? Тито почина во 15,05 часот таа недела, но веста беше објавена подоцна тој ден, кон крајот на првото полувреме од спомнатите натпревари.

Откако беше објавено дека „другарот Тито“ починал, играчите заедно тагуваа, како и публиката на Максимир, на Кошево и на Пољуд. Меѓутоа, преносот во живо на телевизија беше само од Сплит, каде што во дербито играа актеуелниот и идниот шампион на Југославија.

Сцената на која играчите на Хајдук и на Ѕвезда се гушкаат на центарот, плачејќи во шок и во болка, додека од трибините 50.000 луѓе ја пеат песната „Другар Тито, ние ти се колнеме дека нема да скршнеме од твојот пат“, беше совршена пропаганда на Титова Југославија.

Споменатите кадри се меѓу најзапаметените не само од фудбалските терени, туку и воопшто од спортските терени од југословенската ера. За, наводно нераскинливото „братство и единство“ кое владее меѓу сите во Југославија, што и самиот Тито го проповедаше.

Хајдук и Ѕвезда веднаш се заколнаа дека секоја година на 4 мај заедно ќе го одбележуваат „најтажниот ден на нашите народи и националности“, но тоа траеше до 1990 година, кога капитените на двата тима од тој митски натпревар, Дражен Мужиниќ – Фрфа и Владимир Петровиќ – Пижон, се сретнаа на  Пољуд.

Што се однесува до прекинатиот меч на денот на смртта на Тито, Хајдук и Звезда одиграа нов 17 дена подоцна. Тогаш Хајдук загуби од Звезда со 1:3, што беше нивни трет од петте последователни порази.

Хајдук – Црвена ѕвезда 1:1, прекин во 42. Минута, на 4 мај 1980 година. Стрелци: 0:1, Петровиќ (13.минута), 1:1 Зо. Вујовиќ (28.).

Хајдук: Пудар, Приморац, Крстичевиќ, Лукетин, Зо. Вујовиќ, Јованиќ, Зл. Вујовиќ, Мужиниќ, Шалов, Ѓорѓевиќ, Јуричко.

Црена звезда: Љуковчан, Крмпотиќ, Јовин, Миловановиќ, Б.Ѓуровски, Јуришиќ, Петровиќ, Благојевиќ, Шестиќ, Боровница, Репчиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО