(ВИДЕО) Навивачите предвреме славеа, официјалниот спикер виновник за инцидентот!

Голема борба за пласман во првата лига во Холандија. Враќање во елитното друштво обезбеди Вилем втори, а на дофат на тој успех беше Рода која во петокот на домашен терен го победи Камбур со 2:0.

Нивните ривали во битката за второто место, Гронинген, губеа со 0:1 од Телстар и се чинеше дека славењето може да почне. Но Гронинген успеа да израмни во 95. минута и така остана во борба за пласман во Ередивизие. Но навивачите на Рода, сепак, добија нешто поинакви информации.

Официјалниот најавувач на стадионот, Вим Фрајнс објави дека Телстар води со 2:1, по што пресреќните навивачи втрчаа на теренот и почнаа бурно да слават.

– Некој ми кажа дека Телстар постигнал гол. Луѓето плачеа покрај мене од среќа. Фудбалерите на Рода се вратија на теренот да слават со навивачите. Мислев дека информацијата е точна. Дури подоцна дознав дека нема гол. Но, никој не можеше да ги спречи навивачите да слават, призна најавувачот кој е најголемиот виновни за целата ситуација.

По ова Гронинген и Рода во последното коло, во директна пресметка ќе одлучат за пласман во највисокиот ранг на холандскиот фудбал. Гронинген игра дома и му треба победа, а на Рода и е доволно и реми.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО