Леброн со ново големо остварување во НБА: Го доби и баскетот на поклон со посебна посвета

Леброн Џејмс уште во еден сегмент влезе во историјата на НБА првенството.

Олдичниот ас на ЛА Лејкерс, постигна 26 поени во поразот на домашен терен кај Денвер (114:124), но имаше причина за славје.

Леброн стана првиот кошаркар во историјата на овој спорт, кој ја пробил границата од 40 000 поени за време на кариерата и тоа е за почит.

На Леброн Џејмс да стигне до оваа бројка, му беа потребни 9 поени, до кои брзо дојде и се впиша во „бесмртните“. Мечот беше за момент и прекинат, со цел да се одбележи овој извонреден момент и историја во кошарката.

На Леброн му беше и подарена топката со која ги постигна поените со кои заокружи 40 000.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО