Кимих: Ако сакате да ја освоите титулата, не можете да ја избегнете Шпанија

Десниот бек на германската репрезентација Џошуа Кимих зборуваше на прес-конференција пред четвртфиналниот дуел против Шпанија. Фудбалерот на Баерн Минхен покажа почит кон противникот, но и демонстрираше самодоверба.

„Верувам дека ќе биде добар натпревар. Сигурен сум дека секој неутрален навивач ќе биде среќен. Не знам дали во Шпанија се среќни што ќе играат со нас во четврт-финалето. Шпанија остави впечаток дека се најстабилен тим ги добија сите мечеви, ќе биде тежок натпревар за двете екипи. Шпанија одигра многу добри натпревари. Но, имавме и ние интересни натпревари ако го погледнете турнирот. Шпанците се најстабилни за мене, но ако сакате да ја освоите титулата, не можете да ја избегнете Шпанија“, додаде Кимих.

„Ламин Јамал и Нико Вилијамс играат многу добро на крилните позиции, мора да најдеме тимски решенија за да ги запреме. Сакаме да победиме против Шпанија, тоа е нашата главна цел“, сумираше Кимих за расположението во тимот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО