Бекот на Ливерпул и на репрезентацијата на Англија, Трент Александар-Арнолд го вчерашната победа на пенали над селекцијата на Швајцарија, во кој тој го постигна одлучувачкиот пенал, изјави дека до крајот на првенството ќе одат на победа против секој ривал.
– Секогаш сакате да добивате натпревари со квалитетот што го има вашиот тим. Ги постигнавме тие цели и ги исполнивме задачите што ги поставивме пред натпреварот. Уште еднаш се соочивме со тежок противник, заостанувавме со резултатот, но тимот покажа многу карактер, многу верба, единство и дух. Знаевме дека ќе биде тешко, но во исто време никогаш немавме намера да побегнеме од таква судбина. Решени сме да го победиме секој противник што ќе застане пред нас. За пеналот, тоа е моментот за кој се подготвував. Ова се моментите за кои сонуваат сите играчи. Многу сум горд што успеав да го изведам овој последен пенал, изјави дефанзивецот на „Гордиот Албион“.