Франција со среќен гол ја „скрши“ Белгија и се пласира во четвртфиналето

Франција со многу мака, со среќен гол на Коло Муани или автогол на Вертонген, во 85.минута успеа да слави во дербито на осминафиналето, да ја победи Белгија со 1:0 и со тоа да се пласира во четвртфиналето.

Во интересниот меч на крајот се радуваа избраниците на селекторот Дешам, а Белгија има зошто да жали.

„Триколорите“ подобро го отворија ова дерби. Ја презедоа иницијативата, но немаа којзнае какви закани и шанси за гол, оние вистинските во оваа фаза од натпреварот.

Гризман во 10.минута се обиде, а Турам во 34.минута опасно се закани, но неговиот шут со глава за малку беше непрецизен. Чуамени во два наврата од далечина се закани, но безуспешно. На другата страна Де Брујне во 24.минута шутираше, но тоа беше безуспешно.

Само што почна второто полувреме Чуамени по третпат се закани од далечина, овојпат беше најопасно, но гол немаше и немаше. Нешто подоцна Јаник Караско за малку ќе донесеше водство за Белгија.

Во 70.минута Лукаку беше во шанса, битката се разжести, гардот на двете селекција беше отворен, сепак се чекаше гол.

Убава игра, убави акции, закани, сепак одбраните беа поуспешни, како кај Франција така и кај Белгија. Не е ова здодевен меч, иако немаше голови, напротив.

Ова меч со висок ритам и интензитет, сепак играа две од трите најдобри селекции во светот, барем според ФИФА листата.

Во 78.минута Мбапе шутираше опасно, но и натаму мрежите мируваат. Врати Де Брујне со голема шанса, убаво и силно шутираше, но Мањан беше одличен и го спаси својот гол.

И тогаш дојде таа 85.минута кога Коло Муани со среќен гол, со помош на Вертонген, успеа да ја затресе мрежата на Белгија и да се пласира во следната фаза каде ќе игра против победникот од дуелот меѓу Португалија и Словенија!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО