Каљари имаше фантастичен резултат по првиот дел, но Јуве дојде до бод

Составот на Јувентус имаше незгодно гостување кај Каљари, од каде се враќаат со бод.

Домаќините на крилјата на Гаетано и Мина, имаа одлична предност по првиот дел против „старата дама“ и се чинеше дека тоа ќе биде рутинска победа за нив, но на крајот исходот беше нешто поразличен.

Јувентус иако постигна гол и во првиот дел, тој беше поништен поради офсајд, па нивните голови дојдоа во вториот дел. Прво намалија преку Влаховиќ во 61. минута, а во самиот финиш од средбата, практично во 88. минута, фудбалерот на Каљари, Досена, си постигна автогол и им овозможи на гостите од Торино да дојдат до нерешено и бод од оваа средба.

По 33. кола во Серија А, Јувентус е на третата позиција на табелата со 64 бодови, додека Каљари е на 14. позиција со освоени 32 бода, пет бодови над опасната зона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО