Тешки денови за семејството Шумахер: Корина принудена да ги продава уникатите на сопругот

Последните вести кои доаѓаат од Швајцарија околу Михаел Шумахер, не се баш охрабрувачки.

Третманот на кој е подложен Германецот со години, се чини дека е крајно скап и дека тоа прави семејството на Михаел да ги продава своите вредни работи.

Акциската куќа „Кристи“ откри дека меѓу водечките предмети кои пред извесен период се ставени на аукција, се осум скапи часовници од приватната колекција на седумкратниот Ф1 шампион, од кои треба да заработат милиони, со кои веројатно ќе го продолжат лекувањето на легендарниот ас.

– „Кристи“ искрено се заблагодарува на семејството Шумахер на довербата и нивната желба да ги поделат или продадат овие ремек дела на други колекционери ширум светот. Горди сме што ги претставуваме овие единствени часовници кои припаѓаат на еден од најславните Ф1 возачи. Исклучителен момент за нас, како и за љубителите на часовниците и за фановите на Ф1, порачаа од оваа аукциска куќа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО