Време да се подвлече црта: Капитенот на Реал ги известил „кралевите“ дека заминува

Искусниот фудбалер на Реал Мадрид, Начо Фернандез, ги информирал челниците на „кралевите“, дека на лето го напушта клубот.

Овој шпански фудбалер целата своја кариера ја мина во дресот на Реал Мадрид, но сега и дефинитивно решил да направи промена.

Во моментот за неговите услуги најсериозни во намерите да го ангажираат се Интер и Лацио. Се верува дека Начо има понуди и од Бундеслигата, но одлуката околу тоа каде ќе игра, ќе биде првенствено негова.

Да додадеме дека Начо освои со Реал се што може да освои еден играч во доминантен тим од Европа, тој во моментот е и капитен на „кралевите“.

За репрезентацијата на Шпанија има 24 настапи, во кои има постигнато еден гол, додека за Реал сезонава настапи 36 пати во сите конкуренции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО