Јан Облак е играч на неделата во Лигата на шампиони

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампиони (ЛШ), беше објавено на официјалната интернет-страница на УЕФА.

Во осминафиналето од ЛШ против Интер (2:1, 3:2 на пенали), Облак имаше три одбрани, а одбрани и два удара во пенал-рулетот, благодарение на што неговата елипа се квалификува во четвртфиналето.

Словенечкиот голман го доби признанието во конкуренција на крилото на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кој постигна гол на натпреварот со ПСВ (2:0), централниот дефанзивец на Барселона, Пау Кубарси, кој добро се покажа на натпреварот со Наполи (3:1) и на голманот на Давид Раја од лондонски Арсенал, кој забележа три одбрани на натпреварот со Порто (1:0, 4:2 на пенали).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО