Македонија поразена од Романија во првиот контролен натпревар

Македонската ракометна репрезентација е поразена на првата пријателска средба против Романија во Браила. Средбата заврши со ртезултат 32:27 во корист на домашната репрезентација.Овие два меча кои се дел од ЕХФ неделата се подготовка за она што нашите ракометари ги очекува во мај, бараж дуелот против Фарски Острови за пласман на СП 2025.

Избраниците на Кирил Лазаров на полувремето водеа со 15:16. Сепак, домашната репрезентација го доби вториот дел и на крајот славеше со 32:27.

Македонија во Романија отпатува во изменет состав, без Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски. На голот го нема капитенот Никола Митревски.

Вториот натпревар се игра утре (17:30 часот по македонско време) и тој ќе биде отворен за јавноста.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО