По пет години, Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката и решија да тргнат секој по својот пат. Српскиот тенисер во кариерата само од турнирите заработил над 180 милиони долари, не сметајќи ги профитабилните спонзорски договори.
Неделникот „Национал“ неодамна објави дека неделната плата на Горан Иванишевиќ изнесува „меѓу шест и десет илјади евра“. На годишно ниво станува збор за сума од 300 до 500.000 евра, плус вклучени разни бонуси.
Се шпекулираше дека тоа е процент, односно дека Иванишевиќ добива околу 10 отсто од турнирските награди на Ѓоковиќ. Севкупно, солидна „отпремнина“ за Иванишевиќ додека не најде нова работа.