(ФОТО) Откриена „тајната“ локација каде што ќе биде поставен олимпискиот оган во Париз

За време на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз (26 јули – 11 август), олимпискиот оган ќе биде поставен во Жарден де Тулери (Jardin des Tuileries), место во „срцето“ на Париз, меѓу палатата Лувр и Плас де Ла Конкорд, достапно за јавноста, пишуваат новинските агенции, повикувајќи се на извор кој е директно инволвиран во работите.

Минатата недела францускиот спортски дневен весник „Л’Екип“ објави дека Жарден де Тулери е фаворит за местото каде што ќе биде поставен пламенот.

Локацијата била избрана „пред неколку недели“ од Организацискиот комитет и Градското собрание на Париз. „Одлуката е донесена на почетокот од годинава, наведува „изворот“.

Минатата година организаторите се надеваа дека пламенот ќе го постават на Ајфеловата кула, но потоа се откажаа од таа идеја.

 

Локацијата што е избрана, наречена „Проект Аријана“, не е она што првично се спомнуваше. Организаторите и градското собрание на Париз првично одлучија тоа да биде во квадратниот двор, во центарот на музејот Лувр.

Но, локацијата била покомплицирана за јавен пристап. Затоа, изборот на Тулери преовладал поради леснотијата на пристапот до јавноста.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО